Битола - градот на конзулите
Градот Битола е сместен во подножјето на Баба планина со високиот врв Пелистер 2601 метар во јужниот ден на плодната Пелагонија на надморска висина од 660 метри. Градот бил лоциран на познатиот римски пат Виа Игнација кој бил спој помеѓу Јадранското и Егејското море. Битола е град за кој многумина рекле дека е најградски, најопеан, град на клавирите, град на конзулите. Битола се гордее со познатиот „Широк Сокак“, боемите серенадите, денес со реномираниот театар и многубројните фестивали.
Детско Одморалиште „Пелистер“
Детското Одморалиште „Пелистер“ е сместено во пазувите на Баба планина на оддалеченост на 10км. од градот Битола, односно 60км. од најблискиот аеродром во Охрид. Хотелот е изграден 1985 година и располага со:
- 300 легла распоредени во 75 соби сите со сопствени санитарии;
- ресторан со 280 седишта;
- современа кујна;
- терени за рекреација (ракомет, фудбал ...);
- сопствени стази со ски лифтови за почетно скијање;
- простории за дневна и ноќна занимација на гостите;
- ТВ сала со сателитска телевизија;
- и други пропратни објекти.
Објектот се загрева со сопствено централно греење.
|